Пендаровски, Вучиќ и Курти ќе остварат средба во Брисел оваа недела

Оваа недела, како што е најавено во Брисел, највисоките претставници на ЕУ, ќе ги примат претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти. Пендаровски утре треба да има одделни средби со министерот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел и со комесарот за проширување Оливер Вархеји. Денеска пак, во Брисел Александар Вучиќ со највисоките претставници на ЕУ ќе разговара за забрзувањето на евроинтеграциите на Србија.

Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула дер Лајен, а исто така е предвидена средба со комесарот Оливер Вархеји, пишува весникот Политика. Вон дер Лајен, Борел и Вархеи в четврток ќе одржат одделни разговори со премиерот на Косово Албин Курти. Исто така се најавува дека кон половината на идниот месец Вучиќ во Брисел би требало да разговара со Курти.