Пендаровски денеска во Брисел

Денеска, како што е најавено во Брисел, највисоките претставници на ЕУ ќе имаат средба со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски. Тој денеска треба да има одделни разговори со министерот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел и со комесарот за проширување Оливер Вархеји. Вчера пак, во Брисел српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со највисоките претставници на ЕУ, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула дер Лајен, а исто така е предвидена средба со комесарот Оливер Вархеји.

Вучиќ потоа и официјално ја најави изградбата на пругата со висока брзина која треба да го поврзе Белград со Северна Македонија, но и со Турција. Тој рече дека ЕУ ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во овој проект. Вон дер Лајен, Борел и Вархеи в четврток ќе одржат одделни разговори со премиерот на Косово Албин Курти. Исто така се најавува дека на 11 идниот месец Вучиќ во Брисел би требало да разговара со Курти.