Петнаесетгодишно момче загина во сообраќајка во село Марино

Малолетник загина вчера во сообраќајна незгода со село Марино, која се случила меѓу патничко возило и мопед, управуван од 15-годишникот, соопшти МВР.

– Вчера во 13:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, Скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Скопје и мопед „априлија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Скопје. Од здобиените повреди малолетникот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, се наведува во соопштението на Министерството.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилото било однесено на вонреден технички преглед.