Полошкиот регион се подготвува за масовна имунизација на населението. Набавени се фрижидери за чувањето на сите видови вакцини

Полошкиот регион се подготвува за масовна имунизација на населението. Набавени се фрижидери за чувањето на сите видови вакцини, а имунизацијата за жителите од тетовско – гостиварскиот крај најверојатно ќе се одвида во една од спортските сали во Тетово.

Mоментално се одвива имунизацијата на повозрасните жителите од овој регион со вакцината АстраЗенека. Директорот на Здравствениот дом Тетово Борислав Јоргаќиевски, вели дека има интерес за имунизација. Досега се испратени 1000 вакцини од АстраЗенека, со кои најрпрвин започнаа да се вакцинираа жителите над 77 години. Како што тече имунизацијата така се намалува ворзасната граница на пациентите кои се вакцинираат на вакциналниот пункт при Здравствениот дом Тетово.

-Започнавме со вакцинација над 77 потоа границата падна на 75 години, сега се вакцинираат пациенти со 73 години, изјави Борислав Јоргаќиевски директор на Здравствен дом Тетово

Во меѓувреме полошкиот регион се подготвува за масовна имунизација на населението, која најверојатно ќе се одвива во една од спортските сали во Тетово

-Тетово ќе биде како регионален центар за вакцинација. Имаме контакт со министерството околу пунктот каде треба да се вакцинираат жителите од Тетово, Гостивар и руралните општини. Имунизацијата најверојатно ќе се одвива во некоја спортска сала како во Скопје, за да се запазат мерките, да има паркинг, да не се создаваат гужви, рече директорот на Здравствен дом Тетови Борислав Јоргаќиевски

Од Здравствениот дом Тетово, велат дека досега не се појавила никаква компликација при вакцинирањето на пациентите кои имале закажано термини за имунизација. Кај нив по примањето на првата доза биле пројавени вообичаените симптоми.