После подолг период се реконструира објектот на тетовската пожарна

Објектот на Територијалната противпожарна единица во Тетово деновиве започна да се реконструира. Се менува подот, се поставува изолација, се работи на промена на врати и прозорци, како и поставување на нова инсталација.

Командирот на ТППЕ Тетово Ука Алити, истакна дека објектот после подолг период ќе биде речиси целосно реконструиран, а ќе се набави и нов инвентар, кој ќе го користат вработените. Се очекува работите да бидат завршени за два месеци

Реконструкцијата ја врши фирма од Мала Речица, а вредноста на договорот кој е склучен со Општина Тетово за обнова на објектот изнесува над 53 000 евра