Починаа 22 лица, најмладата жртва на 40 години, а регистрирани нови 364 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.526 тестирања, а регистрирани се 564 нови случаи со Ковид-19, починале 22 пациенти, а 1 357 лица оздравеле, соопшти Министерството за здравство.

Од новодијагностицираните најмногу се во Скопје –192, следат Куманово – 45, Битола – 44, Прилеп – 40, Велес и Струмица – по 23, Охрид – 22, Гостивар – 19, Штип – 18, Тетово – 17, Кочани – 16, Берово – 13, Кавадарци и Кичево – по 11, Виница – 9, Свети Николе и Дебар – по 8, Струга и Ресен – по 7, Радовиш – 6, Валандово – 5, Неготино, Пропиштип и Крушево – по 4, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 2, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 22 починати пациенти од кои осум од Скопје (60г, 68г, 71г, 72г, 74г, 74г, 82г и 85г), по двајца од Битола (79г и 85г), Прилеп (69г и 79г) и Кочани (72г и 73г), по еден од Охрид (61г), Кавадарци (80г), Гостивар (51г), Штип(75г), Свети Николе (80г), Делчево (65г), Ресен (71г) и Пробиштип (74г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 1.357 оздравени пациенти од: Скопје – 412, Охрид – 248, Кавадарци – 87, Куманово – 69, Битола – 67, Прилеп – 58, Струга – 46, Велес – 43, Тетово – 40, Неготино – 33, Струмица – 31, Кочани – 27, Гостивар – 25, Дебар – 21, Штип – 19, Крушево – 18, Гевгелија – 16, Виница, Валандово и Крива Паланка – по 15, Кичево – 13, Берово и Свети Николе – по 9, Делчево – 7, Богданци – 6, Ресен и Демир Хисар – по 2, Радовиш, Пробиштип, Демир Капија и Дојран – по 1.

Направени се 3.526 тестови преку: ИЈЗ-503, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-82, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 3, лабораторија болница Козле – 11, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември – 11, Институт за микробиологија – 67, МАНУ – 124, Жан Митрев (Филип Втори) – 118, Авицена -246, Биотек – 718, Систина – 177, лабораторија Лаор – 425, Синлаб – 76, Ремедика – 73, Плодност – 48, Генеа – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 772.