ПРИТВОР ЗА ВОЗАЧОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ИЗБЕГА ОД СОБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ГОСТИВАР

Денеска попладне судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар на 49-годишниот И.Б.од гостиварски Балиндол му определил мерка притвор од 8 дена, поради основано сомнение дека сторил кривично дело” напад на службено лице при вршење работи од областа на безбедноста”, казниво по член 383 став 1 од Кривичниот законик, за кое беше кривично пријавен од Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.

Тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на притворот.

Осомничениот И.Б. вчера (24 април) околу 17 часот и 10 минути, на улица ‘Браќа Ѓиновски” во Гостивар, нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија од областа на сообраќајот, по што И.Б.беше лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.