Пуштена во употребата фотоволтаична централа во тетовско Теново

Пуштена во употребата фотоволтаична централа во Теново, четврта по ред во државата изградена на приватно земјиште. Плановите се за три години да се изградат вакви централи со инсталирана моќност над 60 мегавати, кои значително ќе придонесат за намалување на штетните емисии во воздухот.

Фотволтачината централа во тетовско Теново е со моќност од 1200 киловат часови, поставена како и останатите на необработливо земјиште.

-Во државата има четири фотоволтаични централи изградени на приватно земјиште. Плановите се до крајот на годината да се изградат уште шест. Заедно со останатите централи кои ги гради државата сама, но и со партнерите, за две години ќе се изградат централи со моќност два пати поголема, од тоа што го имавме пред 4 години, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Интерес има од приватниот сектор затоа што обезбедивме поволни услови,додаде тој.

Обновливите извори на енергија е наша морална и законска обврска која треба да ја исполниме, ако сакаме да бидеме дел од европското семејство, истакна министерот за Животна средина Насер Нуреидини.

Плановите се во државата да се изградат фотоволтаични централи со инсталирана моќност над 300 мегавати.