Русија забрани влез на 8 државјани на земји од ЕУ, што е контра одговор на забраната за влез во ЕУ.
Мегу оние на кои им е забранет влез во русија се претседателот на европскиот парламент, Давид Сасоли, вицепретседателката на Европската комисија, Вера Јурова и берлинскиот обвинител Јерг Раупах, соопшти рускoто Министерство за надворешни работи.
Дипломатската служба истакна дека брисел ги отфрла сите предлози на москва за решавање на односите преку дијалог.
ЕУ претходно донесе санкции поради руските постапки кон критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.
САД не кријат дека се интересираат повторно да ја претворат Европа во арена на остри геополитички конфронтации, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, „вистинската цел на санкциите на ЕУ е да се ограничи Русија по секоја цена“.