СВР Тетово – Тракторите да се користат за својата намена, а не за превезување на лица

На поширокото полошко подрачје, деновиве започнаа интензивни подготвителни земјоделски активности, проследени со зголемена раздвиженост по патиштата кои водат до нивите на полошките земјоделци.Имајќи ги предвид овие состојби, Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира земјоделската механизација( најмногу тракторите) да се користат исклучиво за својата намена, а не и за превезување на лица, да биде технички исправни и навреме регистрирани;

Се укажува, исто така, ваквиот вид механизација задолжително да ја управуваат лица со положен возачки испит, а не и малолетници.

СВР Тетово напоменува- земјоделската механизација во вечерните часови, односно тракторите да бидат соодветно осветлени за да можат да се забележат од другите учесници во сообраќајот;

Доколку не се почитуваат овие препораки, сопствениците на земјоделска механизација ќе се соочат со законски предвидените поднесоци, со напомена дека глобата за нерегистриран трактор, на пример, се движи од 100 до 500 евра во денарска противвредност.

Секторот за внатрешни работи уште еднаш апелира до полошките земјоделци доследно да ги почитуваат овие совети и укажувања и да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, тогаш кога заради најразлични потреби ќе ја користат механизацијата со која располагаат.