СДСМ „за“ дигиталните учебници на Царовска, професори од Кембриџ и САД, „против“

И покрај постојаните критики, владејачката партија СДСМ, ја поддржува политиката на министерката за образование, Мила Царовска, за новиот концепт во образованието кој ќе почне да се спроведува од следната учебна година. Според партијата на власт, помладите генерации растат во дигитално време, па затоа таквите учебници се голема придобивка.

Но, различни студии во светот покажуваат дека употребата на дигиталните учебници може да го влоши разбирањето, а докажано е и дека е позаморно од читањето од хартија. Мариен Волф, истражувач за детска писменост, открила дека децата ги покажуваат своите активности кога пишуваат рачно, а не кога пишуваат на тастатура или читаат на компјутер.

Во технолошките уреди е полесно да се чита, но сепак помалку се памети. Има леснотија во читањето, но луѓето треба да почувствуваат хартија кога читаат, мозокот несвесно го бара тоа – рече Мериен Волф, Универзитет Тафтс, САД.

Дигиталниот читач се движи низ страниците, но нема глобална визија за книгата. Екраните исто така го попречуваат разбирањето. Екранот не го постигнува чувството што го нуди книгата. Книгата на хартија е како топографска карта што го води ученикот и му помага да научи што чита – нагласи Абигејл Селен, Универзитет Кембриџ.

Овие светски студии сугерираат дека заменувањето на книгата со екран уште од најрана возраст има многу недостатоци. Децата и родителите кои учествувале во оваа студија повеќе се сеќавале на детали кои ги прочитале низ книгите, отколку на дигитални интерактивни анимации.

Извор алсат