СДСМ: Мицкоски поддржува насилници и безусловно брани криминал

Јавноста не заборава дека и тој беше дел од толпата на крвавиот четврток, велат од СДСМ.

Она што Христијан Мицкоски го поддржуваше на 27 април 2017 кога и самиот беше дел од толпата пред Собранието, и она што го поддржуваше на протестот во неделата, се насилниците кои на крвавиот четврток упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници и да го загрозат уставниот поредок.

Ни тогаш, ни сега Мицкоски не поддржува правда, како што ни тогаш ни сега не се уставобранители насилниците кои упаднаа во Собранието за да го спасат режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што стои цврсто во одбрана на осудените насилници за 27 април покажува дека Мицкоски е се уште е дел од режимот, силно посветен на криминалната и насилничка матрица на неговиот ментор Груевски.

Како што се ближи разврската на процесот за организаторите на крвавиот четврток така Мицкоски станува понервозен, но и попосветен во одбрана на криминалот и насилството во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ и од тоа Мицкоски не може и не сака да побегне. Затоа граѓаните постојано го казнуваат затоа ќе го казнуваат и понатаму, затоа и понатаму ќе биде губитник, осамен на браникот на криминалот.