Протестите за ослободување на осудените за 27-ми април, според претседателот на Алијанса за Албанците се срамни. Според села тоа покажива дека ВМРО-ДПМНЕ останала иста, односно дека воопшто не е реформирана.
Но, дали Алијанса би коалицирала со ВМРО-ДПМНЕ, откако партискиот лидер, Христијан Мицкоски ги поддржа протестите за ослободување на учесниците во крвавите настани од 27 април?
„Секако дека додека не видиме реформи кај нив и додека излегуваат да бранат хулигани, не се разликуваат од хулиганите. Ние ќе соработуваме со сите кои политиката ја гледаат како иднина, мир, стабилност и пред сѐ правда“, рече Села.
Села ја повика ДУИ да ги остави коалициите и на локалните избори да настапи сама.
„Со оглед на тоа што се наближуваат локалните избори, еве јас испраќам повик и апел, предизвик за ДУИ – оставете ги коалициите со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, дали сте подготвени да се соочите со нас еден на еден, како во 2017-тата?“, додаде Села.
Села, меѓу другото рече дека ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ не можат да излезат чисти пред Албанците.
„Секако, нашите политички противници имаат стратегија. Тие знаат дека не можат да бидат чисти пред Албанците, бидејќи веќе се извалкани. Затоа, нивната стратегија за опстанок на политичката сцена е и нас во очите на Албанците да нѐ претстават валкани како нив“, посочи Села.
Но, опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, неговото учество на протестот в недела не го гледа како поддршка за насилство, туку како протест за барање правда.
Мицкоски не одговори на прашањето дали ќе продолжи да ги поддржува овие протести.
Извор Тв21