Странците го донираа властите и граѓаните го упропастија, Скејт паркот во Тетово во очајна состојба

Искршени реквизити, купушта отпад, трева и трње. Во ваква состојба се наоѓа Скејт Паркот наспроти Автобуската станица во Тетово, откако пред неколку години невладини организации од западно – европските земји со свои средства и работна сила, ја уредија дел од запоставената површина на оваа локација и ја пренаменија во вистинско катче за тетовци.

За несовесноста и негрижава на властите како и за останатите јавни зелени површини говорат фотографиите. Локацијата е во катасторфална состојба, никој не ја користи, А истата е налик како една од многуте диви депонии  во градот.

-Само неколку месеци местото се користеше, но се уништи од нас, од самите граѓани, но тука гледам вина и во општинските власти кои ниту еднаш не дојдоа да ја покосат тревата, да поправат нешто ако е искршено, ужас невиден , ниту се остранува сметот, видете цело  место е обраснато, вели еден тетовец кој рекреира речиси секој ден во Жена Паркот.

Од Општина Тетово, велат дека несовесни граѓани ја уништиле оваа слободна површина наменета за младите, која Општина Тетово ја отстапила за да се пренамени во Скејт Парк. Најавуваат дека паркот ќе биде исчистен и прилагоден за истата намена

Инаку и Жена Паркот лоциран веднаш до Скејт Паркот се наоѓа во лоша состојба. И таму голем дел детските и спортските реквизити се уништени, но и хигиената е на незавидно ниво.