Татко и син од тетовско Милетино нападнале нивен соселанец

Синоќа околу 21 часот, полициски службеници на СВР Tетово ги лишиле од слобода Г.Х.(19) и неговиот татко Т.Х.(52) од тетовско Милетино, кои околу 20 часот во селото физички го нападнале нивниот соселанец А.А.(23). Според пријавеното, Г.Х. на А.А. му се заканил со остар предмет. Двајцата жители на Милетино задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Ноќеска десетина минути по полноќ, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Т.М.(28) и Б.Ц.(30) од Република Албанија, кои непријавено престојувале на подрачјето и кои ја прекршиле забраната за движење. Двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Полицски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 32-годишниот гостиварец Б.С., поради сомнение дека претходно извршил кражба на велосипед. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, а поради сомнение за негова инволвираност во други вакви кражби во Гостивар и ќе му биде изготвен поднесок.