Тестови за корона нема, Филипче штелува бројки

По повеќе од една година корона пандемија граѓаните не можат да најдат термин за тестирање, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Од партијата потсетуваат дека прогнозите на министерот за здравство во почетокот на кризата беа околу 2000 заболени лица, но само починати има повеќе од двојно од предвидувањата на Филипче.

Нема реагенси, нема тестови… Која е целта на Филипче да каже дека ситуацијата е под контрола штелувајќи ги бројките на новозаболени или можеби математиката од набавка на реагенсите не му излегува, нема провизии, велат од ВМРО-ПДМНЕ и го повикуваат филипче да си поднесе оставка.