Тетовец избегал од затвор и ограбувал продавници

Тој се сомничи дека е извршител на четири тешки кражби во трговски објекти- маркети, во Тетово и во регионот на Теарце, во кои со употреба на сила влегувал и од кои одзел пари и поголема количина разни производи.

Полицајци од полициско одделение Теарце, денеска околу 13 часот и 15 минути, во импровизирана гаража помеѓу тетовските села Нераште и Беловиште, го лишиле од слобода 45-годишниот Ш.Ш. од Нераште. Тој се сомничи дека е извршител на четири тешки кражби во трговски објекти- маркети, во Тетово и во регионот на Теарце, во кои со употреба на сила влегувал и од кои одзел пари и поголема количина разни производи.

– Исто така, Ш.Ш. со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово” од Скопје, се барал и за доиздржување затворска казна од 3 години и 28 дена, за сторено кривично дело „разбојништво”, информира порпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против Ш.Ш. ќе биде изготвен соодветен поднесок.