Тетовци со потсмев гледаат на новата велосипедска патека

Не престануваат коментарите за новата велосипедска патека која неодамна беше обележана на булеварот Илинденска на десната страна од оваа делница.

Патеката наменета за велосипедисти е само означена, но во пракса ретко кој може да ја користи.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии на паркирани возила покрај самата патека, а на патеката каде треба да поминуваат велосипедистите има бетонски столб токму на местото каде се спојуваат булеварите Илинденска и Индустриска, па граѓаните се шегуваат дека се работи за патека наменета за екстремен велосипедизам во Тетово.