Тројца повредени во судир на две возила на „Партизанска“

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје помеѓу полициско возило „ауди 4“ и „хјундаи“.

Во незгодата повредени се двајцата возачи – М. М. (30) и Д. С. (46) и совозачот на полициското возило З. Т. (52), сите тројца од Скопје.