Уапсен тетовец затоа што го нападнал неговиот поранешен зет

Вчеравечер во 23.45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А.(33) од Тетово, затоа што во просториите на Полициската станица Тетово физички го нападнал неговиот поранешен зет Ј.И.(40) од Тетово, стои во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.