Угостителите и туристичките работници од утре на протест пред Влада

Продолжуваат протестите на угостителите и туристичките работници. Но наместо пред министертвото за финансии, се селат пред владата.

Од двата сектора велат дека ќе протестираат се додека не бидат прифатени нивните барања. Тврдат дека треба да бидат сериозно сватени затоа што имаат релани проблеми поради кои овие дејности трпат сериозни загуби.

“Бараме сериозна помош за опстанок и стимул со вклучување во капмањата “Дома си е дома”. Апелираме праведно да бидат распределени сите средства. Сите да ја добијат најавената помош и тоа што е можно побрзо затоа што ситуацијата е алармантна. Не сакаме да отпуштаме работници, а ќе бидеме приморани. Сакаме да работиме и да се создадат услови за тоа, вели за “Денар” Ана Марија Алексова, туристички работник.

Организаторите на прослави велат дека помошта што ја добиле досега е минимална и незначителна, а имаат забрана за работа 14 месеци.

“Крајно сме револтирани од она што го имаме како информација од методологјата на државата за шестиот пакет. Критериумот за помош ги казнува објектите кои имаат голем годишен промет и продуцира сива економија. Нема да се повлечеме од улица се додека не бидат исполнети нашите барања за кои сметаме дека во моментов се единствена можност да опстанеме, вели Марија Синадиновска Арсова, угостител.

Од угостителскиот сектор веќе неколку пати побараа неповратна помош, а поради неизвесноста за целата ситуација сметаат дека помошта треба да биде континуирана и бизнисот да не се остави без поддршка долго време како што беше случајот со петтиот пакет. Бараат да бидат стопирани и обврските за враќање на кредитите. Туристичките агенции бараа исто така неповратна помош, рокот на ваучерите кои граѓаните не успеаа да ги искористат лани, да биде продолжен до крајот на 2022 година и нивната реализаиција да оди исклучиво преку агенциите.

Една од мерките која ја нуди владата за помош на угоститетсвото е да се земе просекот на приходите од претходните две години и деновите колку што биле затворени и врз основа на тоа 30 отсто ќе го превземе како трошок државата.

На протестите на туристичко –угостителскиот сектор се приклучија и сметководителите и танцовите училишта. И тие бараат да бидат повеќе помогнати, затоа што имаат ограничување во работата.

Од владата уверуваат дека пари за новиот пакет има и ќе бидат поддржани сите кои се најпогодени. Ќе бидат помогнати 12 сектори во кои има 10 илјади компании со 60 илјади вработени. Целиот пакет тежи 17,8 милиони евра.

Надлежните посочија дека од утре треба да бидат објавени и јавните повици за аплицирање за шестиот пакет.

Извор Денар