Филипче: Вакцината е најдобриот начин за борба против пандемијата

Вакцината е најдобриот начин за борба против пандемијата. Секој од нас треба да учествува во таа битка. Само така ќе може да му се вратиме на нормалното живеење, на блискоста со драгите луѓе, на дружбите со пријателите, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Пријавете заинтересираност за вакцинација на vakcinacija.mk , напиша Филипче.