Филипче: За празниците дома, за да се заштитиме од нов бран на заразата

Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати. Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките, вели министерот за здравство Венко Филипче. Тој бара гражаните да ги почитуваат мерките, а празниците да се поминат дома.

„Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита. Има многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусот, вели Филиче.

Додава дека од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини.

„Ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет. Од вас единствено барам почитување на јасно пропишаните мерки кои ќе не заштитат од евентуален нов бран после празниците, вели министерот