Филипче се сретна со семејството на Верица Белчовска: Чест ми беше да ги запознаам овие луѓе, нивната големина остава без зборови

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска имаше средба со семејството на Верица Белчовска, кое одлучи да ги дарува органите на прерано починатата девојка, со што се спасени неколку животи.

„Денес се сретнав со семејството на Верица, младата девојка која трагично го загуби животот, но чие семејство ги донираше нејзините органи. Со овој чин досега спасија три животи. Чест ми беше да ги запознаам овие луѓе чија големина и алтруизам оставаат без зборови. Во име на Владата и мое лично име им ветив дека ќе добијат целосна поддршка за решавање на проблемот со вработувањата кои ги имаат и уште еднаш им се заблагодарив од срце за нивниот несебичен гест. Органодарителството е највисок чин на хуманост, драго ми е што се повеќе граѓаните стануваат свесни за неговата важност.“, напиша Филипче.