Филипче: Ситауцијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем

Министерот за здравство Венко Филипче утрово информираше дека иако изминативе денови има благ пад на бројот на приеми во болниците, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна.

-На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем. Во моментов имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, вели Филипче.