Филипче: Следната недела ќе одлучиме дали ќе има нови мерки за претстојните верски празници

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител Телевизија изјави дека наредната недела ќе се одлучува дали ќе има нови мерки за претстојните празници.

-Следната недела ќе одлучиме дали ќе има полициски час и рестриктивни мерки за време на претстојните верски празници. Тоа ќе зависи од бројот на нови случаи и притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период, рече Филипче.