„Њујорк Тајмс“: Во САД вакцинирањето со Џонсон и Џонсон ќе биде ставено на пауза

Федералните здравствени агенции на САД ќе повикаат итно да се паузира употребата на вакцината против КОВИД-19 со една доза од Џонсон и Џонсон, откако шест лица кои ја примиле вакцината развиле редок проблем со згрутчување на крвта, објави „Њујорк Тајмс“.

Сите шест лица кај кои се јавиле проблеми се жени на возраст од 18 до 48 години. Една жена починала, а втораа жена во Небраска е хоспитализирана во критична состојба, објави „Њујорк Тајмс“.

Администрацијата за храна и лекови, Џонсон и Џонсон и Центрите за контрола и превенција на болести не одговориле веднаш на барањата на „Ројтерс“ за коментар.

Потегот од регулаторите на САД доаѓа помалку од една недела откако европскиот регулатор за лекови рече дека прегледува ретки згрутчувања на крв кај четири лица во Соединетите држави кои се вакцинирале, пренесе „Ројтерс“.