Аларманта е ситуацијата во Велес: Хоспитализирани се 100 пациенти, повеќе од половина со кислородна поддршка

0
18

Епидемиолошката состојба во Велес и велешко е алармантна. Во моментов во Општа болница Велес, вкупно хоспитализирани се 100 ковид пациенти од кои 87 потврдени позитивни, седум сомнителни и шест пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

Загрижувачко е тоа што денеска повеќе од половина хоспитализирани пациенти се на кислородна поддршка, односно 55. Велешката болница има и сериозен проблем со дотурот на кислород, бидејќи постојат денови во кои и по два пати се доставува кислород. По барање на Општа болница Велес, работници од комуналното претпријатие ќе помагаат во растоварањето на боците со кислород.

 

Велес го достигна пикот на третиот бран на коронавирусот и поради високиот број на хоспитализирани од вчера во употреба е пуштено и Физикалното одделение. Денес од вкупниот број на болнички пациенти, 48 се лекуваат на Инфективно одделение, седум на Интерно одделение, 41 лице во Модуларната болница и четворица во Физикална.

Во текот на денешниот ден, починати се четири лица позитивни на ковид-19 додека испишани се три лица како оздравени со по еден негативен тест.

 

 

ммс