Албанската опозиција и Владата постигнаа вербален договор за законот за државјанство

0
15

Постигнат е вербален договор за законот за државјанство. Од средбата меѓу премиерот Зоран Заев со двајцата лидери на албанската опозиција Зиадин Села и Африм Гаши, беше заклучено дека постигнатите договори треба да бидат доставени во писмена форма и доставени до Владата. Во моментов, не се споделуваат детали за содржината на законот.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, вели дека законот не предвидува краткорочни решенија и дека одредбите ќе вклучуваат добивање државјанство за лица родени во Северна Македонија, но во моментот имаат државјанство на друга земја.

Во принцип, мислам дека секој човек што е роден во Македонија, матична држава му е Македонија, и никој не може да му наметне матична држава. Ова е начинот на кој размислуваме и принципите за тоа како да се заснова промената на законот за државјанство, и да се решат проблемите“, изајви Зиадин Села, претседател на АА.

Опозицијата ќе го подготви нацртот и ќе го достави до Владата следната недела, која мора да се произнесе дали го прифаќа текстот, за потоа истото да може да се достави во собраниска процедура. Досега е познато дека решението се бара преку практики од законот од 2004 година.