Американскиот центар за болести: Вакцинираните може да патуваат, ризикот е низок

0
21

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) соопштија дека вакцинираните лица можат безбедно да патуваат „со мал ризик“ откако со недели го одложувале објавувањето на новите упатства.

Ова ги отстранува упатствата за Американците да ги избегнуваат сите патувања што не се неопходно потребни, што се применуваат откако изби корона кризата на почетокот на 2020 година.

Новите упатства посебно даваат зелено светло на бабите и дедовците за да можат да патуваат со авион за да ги видат своите внуци.

Групата што ги претставува водечките американски авиокомпании, како што се „Американ ерлајнс“, „Делта ерлајнс“ и „Јунајтед ерлајнс“, Саутвест ерлајнс, го повика ЦДЦ на 22 март да објават нови упатства што ќе ја содржат фразата „вакцинираните лица можат безбедно да патуваат “.

Според новите упатства, на луѓето кои се целосно вакцинирани не им е потребен тест за ковид-19 пред или по патувањето и не мора да се самоизолираат по патувањето.

Сепак, американската администрација не ги укинува ограничувањата за повеќето граѓани што не се во САД и кои неодамна престојувале во Кина, Бразил, Јужна Африка и повеќето европски земји.

Барањата скоро сите меѓународни посетители да презентираат негативен тест пред да пристигнат со авион во САД, исто така остануваат на сила.

ЦДЦ не ги промени упатствата за луѓе кои не биле вакцинирани против ковид-19.

Новите упатства велат дека целосно вакцинираните лица не треба да се тестираат за ковид-19 пред меѓународно патување, освен ако тоа не го бара земјата на дестинација, а на вакцинираните лица не им е потребна самоизолација по враќањето во Соединетите држави, освен ако тоа не го побараат локалните власти .

ЦДЦ во неколку наврати одбила да ги менува упатствата во последните неколку недели и инсистира на тоа Американците да се воздржат од сите непотребни патувања, оправдувајќи ја загриженоста од новите варијанти на коронавирус.

Бројни Американци не го следеле советот на ЦДЦ. Така, Администрацијата за безбедност во сообраќајот потврди во неделата 1,57 милиони луѓе на аеродромите во САД, што е најмногу за еден ден од март 2020 година.

Администрацијата на новиот претседател Џо Бајден презеде чекори за намалување на меѓународниот сообраќај и нареди носење заштитна маска во скоро сите форми на јавен превоз.