Арифи: Од ДУИ зависи дали повторно ќе бидам кандидат за градоначалник

0
22

Структурите на ДУИ ќе одлучат дали по трет пат ќе бидам кандидат за градоначалник на Тетово, изјави Теута Арифи на ТВ 21.

-ДУИ има свои политики за мерење на анализите што треба да се направат. Партијата одлучува за кандидатот. Партијата прави свои мерења. Ние на избори излегуваме според тие мерења. Ако партијата процени дека најдобар кандидат за Тетово сум јас, тогаш ќе бидам јас, ако проценката е поинаква, тогаш ќе биде поинаку – посочи Арифи.