АСОМ: Со предлог-законот за игри на среќа на улица се оставаат повеќе од 8.000 вработени, ќе ги нема и приходите во Буџетот од 250 милиони евра

0
26

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот на игри на среќа ваков каков што е може да остави на улица повеќе од 8.000 лица, а ќе ги снема и приходите кои што се прелеваат во Буџетот кои што се повеќе од 250 милиони евра на годишно ниво, предупредуваат од Асоцијацијата на игри на среќа.

-Поминаа две недели откако е поставен најновиот закон за изменувањеи дополнување на Законот за игри на среќа. АСОМ членовите на Асоцијата, но и голем број на фирми и соработници, како и на вработени, поставија повеќе од 250 коменатри во врска со законот кој содржи низа нелогичности и ограничувања.

Доколку се донесе предлог-законот во ова форма одговорно тврдиме дека се става крај на легалното приредување игри на среќа и се оставаат на улица повеќе од 8.000 лица во оваа дејност, истакнаа на денешната прескондеренција од пред Влада од АСОМ.

Од АСОМ велат дека физичката дистанца од основните и средните училишта за нив е неприфатлив.

-Предлогот за поставување на физичка дистанца на објектите за игри на среча од основни и средни училишта е целосно неприфатлив и на таквиот закон, остро ќе се спротиставиме, децидни се од АСОМ.

Предлогот од 500 метри, значи затварање на повеќе од 98 посто од објектике кои што сега работат. Врз основа на анализите кои што ги направивме минатиот период, физичката дистанца нема никаков позитивен ефект врз навиките на играчите и никаде во светот не се практикува, и неидна студија не го покажала позитивниот ефект. Стравуваме дека зад овој закон, дефакто стои интерес за забранување на легалната индустрија на игрина среќа и затварање на објектите, но можеби и на други интереси.

Со ваквиот предлог закон ќе ги снема приходите во буџетот кои што изнесуваат повеќе од 250 милиони евра на годишно ниво, велат од АСОМ.