Баба Тодорка Митрева наполни 100 години: Секое утро ѝ почнува со оваа намирница!

0
15

Тодорка Митрева од кавадаречкото село Сопот денеска прослави 100 години живот. Нејзините најблиски ја изненадија со торта и желби за уште заеднички моменти. Нејзините блиски, внуците од син Сузе Велјанова и Тоше Митревски, кажаа за МИА дека била родена 1921 година во Мала Преспа, а целиот свој живот го поминала во кавадаречко Сопот.

– Подвижна е и си го знае умот. Пред околу 25 години почина дедо ни. Таа живее со нашите родители. Откако ја паметиме, секое утро и почнува со какао. Без разлика кое годишно време е, две печени јаболки и се омилена ужина. За ручек често јаде супа и манџа, домати и пиперки, што и да е, многу ретко месо, открија тие.

Цигари никогаш не пушела, а не пиела ниту алкохол.

– Иако Тиквешко важи за регион на ракијата, таа ракија користи само кога ја наболува рака на пример или рамо, врат, па да се измачка со неа, за да и биде поарно. Знае да каже месо не јадете премногу и не се нервирајте, тоа е нејзиниот рецепт за долговечност, рекоа внуците кои ги изгледала.