Бионтек очекува одобрување на вакцина за деца од 12 до 15 години

0
19

Извршниот директор на германската фирма Бионтек, Угур Сахин за неделникот „Шпигел“ изјави дека е „во последните фази“ од подготовката за поднесување на барање до европско регулаторно тело за одобрување на вакцина за деца.

Евалуацијата на податоците од испитувањето „трае во просек од четири до шест недели“, додаде тој.

Вакцинирањето деца се смета за клучен следен чекор кон колективен имунитетот и ставање крај на пандемијата.

„Многу е важно да им се овозможи на децата да се вратат во вообичаениот училишен живот и да им се овозможи да се состанат со семејството и пријателите“, изјави Сахин за „Шпигел“.

Одделно, германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, исто така, изрази уверување дека тинејџерите ќе може да бидата вакцинирани во наредните месеци.

„Најдоцна за време на летните одмори, ќе можеме да вакцинираме деца на возраст од над 12-години откако ќе добиеме овластување“, рече тој.

Во САД Бионтек во април поднесоа барање за одобрување на нивната вакцина за итна употреба кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Сахин очекува да поднесе слично барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) следната среда, изјави тој за Шпигел.

Овој потег следи откако Бионтек и Фајзер кон крајот на март објавија дека клиничките испитувања во фаза 3 на нивната вакцина за деца на возраст од 12-15 години покажале дека е стопроцентно ефикасно во спречување на болеста.

Тековните испитувања досега се „многу охрабрувачки“, рече Сахин, сугерирајќи дека „децата се многу добро заштитени со вакцината“.

Извор Р.С.Е