Битиќи: Минималната плата сѐ уште не е достоинствена

0
22

Минималната плата сѐ уште не е достоинствена вели вицепремиерот за економски прашања, Битиќи. Додава, сме докажале дека има политичка волја зашто пред три години таа беше околу 9 илјади, а денес е повеќе од 15 илјади денари.

Според него минимална плата треба да е над 60 посто од просечната плата, но, како што рече тоа ќе се пртави етапно,  кога економијата ќе биде доволно продуктивна и ефикасна и креира раст којшто тоа може да си го дозволи.

Ние бевме на 40% на минималната плата од просечната плата. Достигнавме до 53,4%. Во овој момент тој е просекот. Да, стремиме кон 60%, но тоа се прави постепено и тоа ќе го достигнеме во еден даден момент- вели  Битиќи.