Битиќи најави мерки за затворените угостителски објекти

0
20

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека ќе се спроведат нови мерки за економските оператори кои овие две недели ќе бидат затворени поради новите рестрикции против ширењето на ковид-19.

„Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет“, напиша Битиќи на Фејсбу

Според него, со опцијата за продажба на храна и пијалоци од шалтер ќе се овозможи поголемиот дел угостителските објекти да продолжат делумно да работат.

Во рамките на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот од денеска за кафаните, рестораните, баровите и клубовите важи „целосно забрана за примање гости“, додека оние што подготвуваат храна ќе можат да даваат услуги на шалтер или со достава.