БОРИСОВ ГО ПОВИКА СЛАВИ ТРИФОНОВ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ПОЛИТИЧКАТА ОДГОВОРНОСТ И ПРЕДЛОЖИ 10 ПРАТЕНИЦИ НА ГЕРБ ДА ЈА ПОДДРЖАТ НЕГОВАТА ВЛАДА

0
20

Бојко Борисов му нуди 10 пратеници на шоуменот Слави Трифонов да формира нова влада во Бугарија, но дали се доволно? Откако ниедна од избраните партии во бугарскиот парламент не му даде поддршка на досегашниот премиер Борисов, тој  соопшти дека за време на денешната редовна седница на бугарската влада, најколегијално побарал од Трифонов да почне со формирање влада.

– Со цел Бугарија да има политичка и економска стабилност ГЕРБ е подготвен да даде 10 пратеници за поддршка на владата на Слави Трифонов во новиот бугарски парламент. – изјави Бојко Борисов ГЕРБ.

Централната Изборна Комисија  сè уште не ги распредели мандатите, но според експертите, ГЕРБ ќе има 75 пратеници, „Има таков народ“ на Слави Трифонов – 51, БСП – 43,  „Демократска Бугарија“ – 27, Стани излези – 14. За формирање Влада потребни се 121 пратеник, а тоа е повеќе од десетте пратеници кои ги нуди Борисов на Трифонов. Единственото решение би било малцинска Влада за која неизвесно е дали воопшто Трифонов би ја прифатил.

Експертите велат дека е можно утре Трифонов со Бугарската Социјалистичка партија и останатите партии да се разберат за нова влада без Борисов и неговата ГЕРБ . Но, овој момент ништо и никој не може да гарантира успех.

На овие избори Факт е дека бугарскиот традиционален политички естаблишмент загуби. Сепак, како најголем губитник означени се Бугарските социјалисти – раководството на партијата поднесе оставка, но не и лидерката Корнелија Нинова.

Таа обвини дека во последните денови владата на Бојко Борисов ќе превземе низа на решенија, кои според неа би имале тешки последици за Бугарија. Побара поддршка од Трифонов и останатите два партии кои треба да влезат во парламентот, заедничи да се спротистават на подвизите на Борисов.

Македонските надежи се за брз старт на преговори со официјална Софија. Но со кој ќе седнат на маса ? Дали новиот, уште повеќе поделен, и непознат, политички амбиент, дополнително ќе го отежни патот на Македонија кон ЕУ? Следната недела се оддржува министерски состанок на Унијата за проширувањето, но тој не ветува многу.

24 вести