Британски студии потврдуваат дека многу малку луѓе умираат од Ковид-19 по примена вакцина

0
14

Многу малку, главно постари пациенти со Ковид-19 завршуваат во болница или умираат откако добиле барем една доза од вакцините „Фајзер/Бионтек“ или „Астразенека“, но тоа не значи дека вакцините не се делотворни, велат британски научници.

Тие презентираа податоци за подгрупата хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во велика Британија и заклучија дека наодите покажале одредено ниво на „неуспех на вакцините“, Се работи за случаи каде вакцинирани луѓе сепак се заразуваат, но стручњаците велат дека тоа не е непчекувано.

„Тоа главно се случува во групата која и онака е најмногу изложена на ризик од сериозни болести, значи меѓу страите луѓе. Тие луѓе се многу слаби“, вели Калум Семпле, професор за здравствена заштита на деца и медицина од Универзитетот во Ливерпул, кој го водел истражувањето.

„Не велиме дека вакцината не делува, туку само дека не е совршена“, додава Семпле.

Податоците од петокот покажуваат дека, меѓу нешто повеќе од 52.000 хоспитализирани болни со Ковид-19, 526 биле вакцинирани со прва доза „АстраЗенека“ или „Фајзер“, најмалку три недели пред тоа, а од нив починале 113.

Научниците истакнуваат дека „повеќето случаи на зараза, како и смртни случаи од Ковид-19 по вакцинацијата биле меѓу ранливите категории, односно постари луѓе.

Во клиничките испитувања се покажало дека вакцината „АстраЗенека“ е делотворна во 76 отсто од случаите, а „Фајзер“ кај 90 отсто.

Британија има една од најбрзите кампањи на вакцинирање против Ковид-19 на светот, со повеќе од 33,8 милиони луѓе кои примиле прва доза, а четвртина од возрасните примиле и втора доза.

Порано овој месец, Центарот за јавно здравје на Англија излезе со податоци дека со нивната стратегија на вакцинирање спречени се повеќе од 10.000 смртни случаи, на луѓе над 60 години до крајот на март.

Извор Независен