Брнз бара од Села и Гаши да бидат контруктивна опозиција

0
17

Aмбасадорката на САД, Кејт Брнз денеска побара од Алијанската на Албанците и Алтернатива да бидат контруктивна опозиција.

Амбасадата преку соопштение на својата Фејсбук страница објави дека амбасадорката Брнз зборувала денеска со лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, за да ја нагласи потребата за конструктивна и ангажирана опозиција. Таа ги охрабрила двајцата лидери да работат заеднички со другите за решавање на итните предизвици со кои се соочува Македонија.

Тие го блокираа Собранието, и инсистираат на измени на Законот за државјанство. Во меѓувреме се бара решение и за ова прашање, но треба да се утврди и бројката колку граѓани немаат државјанство.