Бугарија најверојатно оди кон предвремени избори, според лидерот на „Демократска Бугарија“

0
105

Христо Иванов, лидер на Демократска Бугарија, кој влегува во новиот бугарски парламент, објави дека има намера да спроведе конкретни реформи, да не учествува во влада по секоја цена – особено ако понудата доаѓа од ГЕРБ или БСП.

„Демократска Бугарија“ е подготвена за нови парламентарни избори во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Иванов истакна дека неговата партија нема да поддржи каква било форма на учество на ГЕРБ и ДПС во владата.

– Кога тоа ќе се случи, се надевам дека сите други формации што излегоа со ова ветување на изборите на 4 април ќе го одржат својот збор. Бугарија ќе биде ослободена од товар, изјави Иванов за БТВ, но додаде: „Во договорот за коалиција многу јасно напишавме дека не можеме да поддржиме влада со мандат од БСП“.