Бугарија ќе добие над милион дози вакцини од солидарност

0
45

Повеќето земји-членки на ЕУ се согласија во четвртокот солидарно да споделат дел од дополнителните 10 милиони дози од вакцината на Фајзер/Бајонтек со Бугарија, Хрватска, Естонија, Латвија и Словачка, земјите за кои е одлучено дека вакцините им се најпотребни.

Но, чешкиот премиер Андреј Бабиш во петокот го критикуваше тој договор, велејќи за новинската агенција ЧTK дека планот е „неурамнотежен затоа што не разбира како Европската унија може да се согласи за тоа кога Чешка, Австрија и Словенија се противат на тоа“.

Бугарија, која има најмала вакцинираност во ЕУ, ќе добие 1.26 милиони дози од 2.85 милиони таканаречени „солидарни вакцини“ за пет членки на ЕУ.

„Ова е добра вест за нас и за цела Европа бидејќи покажува дека земјите-членки можат да се солидаризираат“, напиша Борисов во објавата на својата страница на Фејсбук.

Балканската земја првично нарача повеќе вакцини од Астра зенека отколку од Фајзер, со што претрпе голема криза во снабдувањето, предизвикана од доцнењето во договорените испораки на Астра зенека во ЕУ.

Бугарија има регистрирано 346.327 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои 13.313 починале.

МКД.МК