Бујар Османи: „Избори во недела, па интензивни разговори од понеделник со Бугарија“

0
24

Бугарија утре гласа, Македонија чека разумна влада за да продолжат преговорите и во јуни најдоцна јули да се одблокира европскиот пат на интеграција.

Иако земјата се најде во реториката на неколкумина парламентарни канидати министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека има разбирање бидејќи поминал неколку изборни процеси и затоа знае дека изборите секогаш ги „киднапираат“ редовните политички процеси и ги подигнуваат емоциите на високо ниво, со што се губи рационалноста и ја нема нормалната комуникација.

„Оптимист сум дека со новиот пристап на градење доверба преку секторска соработка и со завршувањето на изборниот процес во Бугарија ќе го вратиме амбиентот на рационална дебата, која очекувам да се случи од понеделник со цел сериозен ангажман на двете страни во надминување на разликите за да се добие можност во јунско-јулските самити на ЕУ да се донесе консензус по однос на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.’

Османи вели дека Македонија разговарајќи за проблемот погрешно влегла во спорот со Бугарија. Тој предлага нов почеток во пристапот за преговори.

Не за проблемите туку да се зборува за економски проекти и соработка.

Но, кој ќе седи од другата страна на преговарачката маса последниот збор ќе го имаат граѓаните на парламентарните избори.

Ако може да им се верува на последните анкети, ГЕРБ на Борисов, е во водство. Трета политичка сила во Бугарија по овие избори може да стане новата опозициска група „Има таков народ“ предводена од шоуменот Слави Трифонов кој истот така во предизборната кампања не ги криеше националиситчките претензии кон МАкедонија.

Пандемијата се очекува да ја подјаде излезноста, а со тоа повозраните граѓани да се воздржат од гласање. Со ова сценарио сегашната политика номенклатура ќе профитира, иако за 240 места во парламентот се борат 30 партии и коалиции.

Предвидувањата на аналитичарите се дека ако околу 45% од гласачите утре излезат на гласање, тоа ќе им помогне на ГЕРБ и нејзините потенцијални партнери да останат на власт, но ако излезноста надмине 51%, можно е опозицијата да се обиде да формира нова влада.

Опозициската БСП предводена од Корнелија Нинова односно се движи од од 19-20% ,а прагот за влез во парламентот од 4 % од гласовите се очекува одново да го прејде и досегашниот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

ТЕЛМА ТЕЛЕВИЗИЈА