Вакцинацијата дава резултати: Најмал број на новозаразени во Велика Британија од септември

0
20

Во Велика Британија денеска е забележан најмал број на заразени од ковид-19 уште од средина на септември минатата година, односно има 3.402 новозаразени, покажуваат податоците од министерството за здравство.

Претходно слична бројка е забележана на 17 септември минатата година, кога имало 3.395 новозаразени, пренесува Сан.

Во претходнита 24 часа, починати се 52 лица, па вкупниот број на починати од коронавирус во Велика Британија достигна 126.816, додека бројот на заболени од почетокот на пандемијата изнесува 4.353.668.

 

Во Велика Британија инаку се искористени повеќе од 35 милиони вакцини од кои речиси пет милиони луѓе ја примиле и втората вакцина.

Слободен печат