Видео: Вучиќ ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19

0
48

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска беше во посета на Гаџин Хан и Пуковац каде што ја прими и втората доза од вакцината против Ковид-19.

Ништо не ме болеше, не ни почуствував“, ркеол претседателот на Србија после ревакцинацијата и додал дека и е многу благодарен на Кина за помошта и вакцините.

https://www.instagram.com/p/COKnEKTJBbe/?igshid=12mss787l6lgv

Пред домот за здравје во Пуковац биле собрани голем број граѓани за да го поздрават претседателот Вучиќ, а предвидено е и да разговара со жителите, пренесе Б92.

„Денес ја примив втората доза од вакцината. Немав никакви тегоби. Мнгоу е важно да се вакцинираме сите, да ги почитуваме мерките и да го чуваме својот и животот на своите семејства. Ги замолувам луѓето да бидат одговорни. Имаме доволно вакцини за сите. Им благодарам на нашите пожртвувани здравствени работници,“ напиша Вучиќ на Инстаграм.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ првата доза од вакцината против Ковид-19 од кинеската компанија Синофарм ја прими во Рудна Глава.