(ВИДЕО) Десетици загинати во стампедо на верски фестивал во Израел

0
22

Повеќе од 40 лица загинаа во стампедо на верски фестивал во североисточен Израел.

Десетици други беа повредени на фестивалот Лаг Б’омер што се одржуваше во подножјето на планината Мерон, соопшти Израелската национална служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА).

Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја опиша несреќата како „тешка катастрофа“ и рече дека се моли за жртвите.

Десетици илјади луѓе присуствуваа на фестивалот, што го прави најголемиот настан во Израел од почетокот на пандемијата на ковид-19.

Извори од полицијата за дел од медиумите велат дека несреќата настанала откако некои присутни се лизнале по скалите, повлекувајќи други со себе.