Владата го разреши директорот на ДПИ Стојко Пауновски

0
22

Владата на денешна седница го разреши директорот на Државниот пазаран инспекторат Стојко Пауновски поради негово „непрофесионално однесување“, соопшти Владата на Фејсбук.страницата

„Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според Законот за државен пазарен инспекторат, објави владата

Разрешувањето на Пауновски доаѓа откако тој изминативе денови му се спротивстави на премиерот Зоран Заев поради 32 вработени што му ги доделила Владата.

Тој рече дека не може да ги преземе во Државниот пазарен инспекторат сите 32 вработени што му ги определила Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование, по што премиерот му се закани со смена.

Овие 32 вработени се дел од вкупно 1.349 за кои Владата уште во јануари годинава донесе одлука за нивно распоредување според рамковниот договор. Тие повеќе од една деценија не одеа на работа, а редовно добиваа плата

Со одлуката на Владата тие требаше да бидат распоредени на работа во 237 државни институции.