Владо Јаневски најави песна и спот „Без тебе не ме бива“

0
44

На својот инстаграм-профил Владо Јаневски објави детали од снимањето на новиот спот во Скопје.

Популарниот пејач подолго време не се појавуваше во своите спотови, туку снимаше со актери кои ја доловуваат приказната од песната, но овојпат реши да го направи токму спротивното.

Дел од сцените се снимани на покривот на ГТЦ.

Песната веќе е објавена со текст-видео со стиховите, а по некое време го очекуваме и целосниот запис.