ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес брутално нападнато од својата врсничка, додека останатите гледаат и снимаат со телефон

0
16

Денес на социјалните мрежи беше објавено вознемирувачко видео на кое 12-годишно девојче од Велес е жртва на врсничко насилство.

Додека таа низ солзи моли за помош, нејзината врсничка ја кубе и ја боксира сѐ додека не се појават возрасни минувачи кои се вмешуваат да ја спасат. Наместо да ѝ помогнат, останатите девојки кои се во нејзина близина го снимаат целиот настан и се смеат.