Во Велес досега против Ковид-19 вакцинирани 151 лице

0
22

Во пунктот за вакцинација во Здравствениот дом во Велес во поранешната Ушна амбуланта досега се вакцинарани 151 лице над 77 години со вакцината на „Астра Зенека“. Како што информира за МИА, д-р Кевица Клифова вакцинацијата се одвива без проблеми.

Таа посочи дека од утрово до 10,15 се вакцинирале 13 лица над 77 годишна возраст. Вакцинацијата се одвива секој работен ден од 8 до 18 часот. Се вакцинираат тие кои се пријавиле преку системот „Мој термин“.

Воедно информира дека на сите вакцинирани веднаш им закажуваат и втора вакцинација по 84 дена, односно во јуни, а согласно правилникот кога се вакцинираат со „Астра Зенека“.