ВО ГРЦИЈА КОРОНАТА Е СЕ ПОПРИСУТНА ВО ОТПАДНИТЕ ВОДИ: Најголемо зголемување има на Крит

0
38

овид -19 е се поприсутен во опадните води кај јужниот сосед. Вo Грција e зголемено присуството на коронавирусот во отпадните води.

Од седум до 360 отсто е зголемено присуството на вирусот во отпадните води. Информацијата важи за пет делови на Грција во периодот 12 до 18 април. Овие податоци се споредбено со една седмица претходно, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во шест од 11 региони, има намалување од шест до 30 проценти. Зголемувањето е најголемо во градот Агиос Николаос на островот Крит, каде што е 360 отсто. Во областа Атика е 171 процент, а најмало е во Лариса – седум отсто.

Вчера во Грција повторно е регистриран голем број новозаразени, вкупно 3.789 случаи на Ковид-19, при што починаа 87 лица, а 847 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, јави дописничката на МИА.